Руските бродови од Медитеранот ракетираа цели на ИД во Сирија (ВИДЕО)

Бродовите на руската воена морнарица стационирани во Медитеранот извршил ракетен напад врз цели на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава во Сирија, и притоа на џихадистичката мрежа ѝ нанеле големи згуби, соопшти во петокот руското министерство за одбрана.

 

Нападот бил извршен со крстосувачките ракети од типот „Калибр“ од источниот дел на акваториумот на Средоземното Море и во него учестввале фрегатите „Адмирал Есен“ и „Адмирал Гиргорович“, како и подморницата „Краснодар“. Притоа руското министерство за одбрана наведува дека подморницата ги лансирала проектилите од потопена позиција.

 

Цели на ракетниот удар биле комнадни центри и голем склад со оружје на Исламската држава во сириската покраине Хама. Притоа се истакнува дека по погодувањето на ракетите на магацинот дошло до дополнителна детонација на арсеналот. Остатокот од бунтовниците бил ликвидиран во доплнителен удар на руската авијација.

 

Од руското министерство за одбрана, како што пренесуваат агенциите, истакнале дека за нападот со крстосувачките ракети биле известени воените команди на Турција и на Израел. Меѓутоа, забележливо е што не се споменува командата на американските сили за Сирија и меѓународната коалиција предводена од САД.

 

Последен пат руските воени бродови извршија напад со крстосувачките ракети „Калибр“ врз терористичките позиции во Сирија во мај годнава, кога цел беше колона на Исламската држава во областа на градот Палмира.

 

Ракетите „Калибр“ имаат дострел од 2.600 километри и според експертите можат да ја пробијат секоја противвоздушна и противракетна одбрана. Имено, тие при летот постојано ја менуваат височината и насоката, што ги прави тешко откривливи за радарските системи.