Руските и белоруските спортисти добија забрана за настап на Параолимписките игри во Пекинг

Претставниците на Русија и Белорусија на Параолимписките игри во Пекинг добија забрана за настап непосредно пред нивниот почеток.

Иако првично Интернационалниот олимписки комитет најави дека ќе настапат како неутрални спортисти, без употреба на името на државата, знамето и националната химна, одлуката е променета во последен момент.

Најновата верзија е дека Русите и Белорусите нема да бидат дел од Параолимпијадата, што значи дека на предвидените натпревари ќе недостасуваат 71 спортист од Русија и 12 претставници на Белорусија.

Пресвртот се случил поради протестите и притисокот на другите земји, кои најавиле бојкот на игрите доколку на нив настапат претставниците на овие Русија и Белорусија.