Руските лекари предложија формирање експертска група со германските колеги за случајот Навални

Руските лекари им предложија во саботата на своите германски колеги, формирање заедничка експертска група во врска со наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, за чија состојна двете страни имаа контрадикторни извештаи, објави претседателот на руската Национална лекарска комора, Леонид Рошал.

Рошал појасни дека „судбината на Навални загрижува многумина“, и затоа двете експертите од двете земји треба „да ја разгледаат основната причина“ за неговата состојба.

„Да се собереме спокојно, претставници – експерти од Русија токсиколози и експерти од Герјманија и да разгледаме дали има или не (труење), затоа што доколку се покаже дека Навални навистина бил отруен, сметаме, неопходно е Русија да порене кривична постапка“, истакан во изјава за руските медиуми Рошал.

Челникот на руската лекарска комора појаснува дека досега не се сосема јасна причините за состојбата на опозицискиот активист, за којашто Западот ја обвинува Русија, но досега не ја запознава со доказите за тврдењата дека станува збор за труење наводно со нервниот боев агенс познат како „новичок“.

Рошал повторува дека руските лекари во Омск работеле добро и го извеле Навални од критичната состојба во која е нашил откако му се слошило на летот од Томск за Москва, а летот итно беше приземјен за да му биде прижена помош. Меѓутоа, потсетува Рошал, истражувањата спреведени во Русија не покажале труење, додека нивните германски колеги откриле нешто.

Откако Навални беше хоспитализиран во Омск, првично во три лаборатории во Русија беа извршени тестирања кои не покажале труење со отровна супстанција, а потоа во истрагата биле вклучени уште неколку лаборатории кои, исто така, не нашле отрови, туку на облеката некои материи кои се употребиваат во филмската и прехранбената индустрија, кои се токсични во извонредно големи концентрации. Според руските лекари, пациентот имал метаболичко нарушување, што предизвикало остар пад на шеќерот во крвта, но материјалите сѐ уште не дале одговр на прашањето што го предизвикало тоа.

Неколку денови по пренесувњето на Навални во берлинската клиника „Шарите“, беше објавено дека три лаборатории во телото на навални откриле присуство на супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, која се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенс. Во Берлин на Навални му бил даван атропин, исто како и во Омск.

Лекарите од Омск, кои се повикуваа исто така на три независни лаборатории соопштија дека такви супстанции не се откриени кај Навални, нути кај него имало клиничка слика специфична за труење супстанција од групата инхибитори на холинестераза. Па затоа побараа размена со германските колеги на неговите биоматеријали земени во Германија и во Русија. Со тоа би се споредило новното вистинско потекло, но до таква размена на биоматеријалите на Навални досега не дојде.

Десетина дена по пренесувањето на рускиот опозиционер во Берлин, германската влада објави дека лабораторијата на германската армија кај Минхен кај Навални открила присуство на агенсто „новичок“, и побара одговорност од Русија. Москва, од своја страна, и во саботата повтори дека сѐ уште очекува официјало известување од Германија за наодите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.