Руските приходи од златото првпат поголеми отколку од гасот

Приходите на Русија од извозот на златото првпат се поголеми отколку остварените од продажбата на природниот гас, покажуваат податоците на Сојузната царинска служба и Централната банка.

Според овие податоци, руските компании во април и мај продале во странство 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди американски долари.

Испораките на гас во истиот период ѝ донеле на државната компанија „Газпром“ приходи од 2,4 милијарди долари. Според, податоците на руската Централна бнака, тоа е најмал приоход за овој период уште од 2002 година.

Челникот на групацијата АКРА за процена на одржливоста на ризиокот, Максим Кудалов, вели дека ситуацијата во којашто приходите од извозот на злато се поголеми отколку од извозот на гас во историјата на модерна Русија, се случува првпат, бидејќи извозот на гас традиционално носело поголеми приходи од продажбата на златото.

Ваквите показатели се толкуваат и со фактот што во услови на коронакризата цената на златото, како сигурно засолниште за капиталот во несигурни времиња и кризи, ја надмина цената од 1.800 долари за унца, обновивајќи ги максималните вредности уште од 2011 година.