Руските сили ги потиснале украинските на нови позиции во Доњецк, објави Москва

Руските сили ангажирани во борбените дејствија во југоисточните мнозински руски региони во југоисточна Украина, заземале нови стратешки доминанти коти и позиции во регионот Доњец од кој делови сѐ уште се под контрола на украинската војска, соопшти во средата руското Министерство за одбрана во дневниот преглед за претходното деноноќие.

Во извештајот, од кои податоците не може да се проверат од независни извори, притоа се наведува за големи загуби на украинската војска, во прв ред во жива сила, и во текот на борбите во вторникот и се истакнува дека руските единици извеле „успешни офанзивни операции“.

„Во текот на денот (вторник) во овој правец ликвидирани се повеќе од 80 украински војници, еден тенк, три пешадиски борбени и уште четири други возила“, се наведува во брифингот.

Руското министерство дава свои податоци и за други позиции од боиштето долго повеќе од илјада километри на кои се воделе непосредни судири меѓу двете војски. Така се наведува дека биле нападнати позиции на украинската војска во областите на Харков и Купјанск, каде што според истиот извор загинале 60 украински војници, а биле уништени два оклопни транспортери и три пикап возила вооружени со тешки митралези.

Руската воена авијација и артилеријата дејствувале во областа на Красни Лиман (Лиман), дека биле погодени позиции на украински единици, при што загинале 30 украински војници а биле уништени тенк и уште шест други борбени возила. Според руската војска во борбите во судирите во оваа област се предале шест украински војници.

Во јужниот дел од Доњецк руската артилерија нанела масивен удар врз живата сила и воената опрема на 72-та механизирана армиска и 108-та бригада на украинската територијална одбрана. Во овие биле убиени до 50 украински војници, а уништени две оклопни возила.

Во областа на Херсон, од која 30 отсто заедно со истоимениот град од кој се повлече руската војска минатиот месец, според Москва биле уништени три артилериски системи „М-777“ од американско производство. Во истата област, според истиот извор, руската противвоздушна одбрана соборила украински борбен авион „Су-25“, хеликоптер „;Ми-8“ и две беспилотни летала.

Истовремено руските власти од соседниот регион Луганск известуваат дека разузнавачките информации укажуваат дека ново мобилизираните украински војници заедно со офицерите ги напуштиле позициите во областа на Соледар, и покрај тоа што се под закана од жестоки казни.

Офицерот на сепаратистичките проруски сили од Луганск, Андреј Марочко преку социјалните мрежи објави дека наводно украинските сили веќе извесен период ги запреле обидите за офанзивни дејствија во регионот и се префрлиле во одбранбена формација „поради секојдневните загуби во жива сила и воена опрема“.

Во понеделникот главниот командант на украинските сили, генералот Валериј Заслужни кому му се припишуваат моменталните успешни противофанзиви напредувања на југоистокот од летото, го повикал претседателот Володомир Зеленски да го потпише законот усвоен од Радата (парламентот) со кој се заоструваат казните за неизвршување на наредбите од воените власти.