Руските сили забразно напредуваат кон стратешки важниот Покровск

Руските сили во петокот се оддалечени на само 1,5 километри од украинскиот град Покровск(ое), откако некои нивни единици навлегоа од југ и напредуваа кон тој патен и железнички јазол каде што пред војната живееја 60.000 луѓе , објави во петокот истакнат проруски блогер.

Во средата агенцијата Reuters, повикувајќи се на извештај на украинската војска, дека руските сили уништиле или зазеле неколку украински позиции во близина на источниот град Покровск, во остварувањето на целта да се заземе стратешкиот логистички центар, во кој се наоѓа и рудник за јаглен погоден за коксирање.

По неколку месеци забрзан напредок кон Покровск, руските сили сега се на само три километра од јужната периферија на градот, беа информациите од средата на украинската веб-страница DeepState, која објавува мапи од развојот на моменталната ситуација на фронтот врз основа на јавно достапни податоци.

„Како резултат на продлжените судири, две наши позиции беа уништени, една е освоена. Во моментов се преземаат мерки за да се вратат овие позициите“, изјави на телевизијата Назар Волошин, портпарол на украинската армија за источниот фронт.

Русија контролира најмалку петтина од Украина и сега напредува со најбрзо темпо од раните денови на инвазијата во 2022 година.

Јуриј Подољака, истакнат проруски воен блогер роден во Украина, објави дека руските сили сега дошле на километар и половина од градот откако напредувале од југ. Подољака наведува дека припадниците на руските диверзантско-извидувачки групи, специјалните сили кои напредуваат пред сите други, веќе се во градот.

Агенцијата Reuters, која го цитира Подољака, наведува дека не била во можност да ги потврди информациите од бојното поле на двете страни.

Падот на Покровск, важен логистички центар за украинската армија, ќе биде една од најголемите воени загуби за Украина во последните месеци. Контролата на градот, наречен „порта кон Доњецк“ од руските медиуми, ќе ѝ овозможи на Москва сериозно да ги попречи украинските линии за снабдување долж источниот фронт и да ја зголеми можноста за заземање на градот Часив Јар, кој се наоѓа на повисоко место и нуди потенцијална контрола на поширок простор.

Со намалување на пристапот на украинската војска до блиската патна мрежа, ќе им отежне на киевските трупи да контролираат делови од територијата од двете страни на Покровск, што би можело да и овозможи на Русија да се консолидира и да напредува на фронтот.

Градот е важен и поради тамошниот рудник, единствениот домашен снабдувач на јаглен за коксирање во Украина, потребен на некогаш гигантската индустрија за челик.

Украинскиот производител на челик „Метинвест БВ“ запред некои активности во рудникот, имајќи предвид дека тој е многу блиску до првите линии на фронтот, изјави за Reuters во четвртокот извор од индустријата.