Руско-американска средба во Каиро за нов дговор за нуклеарното оружје

САД и Русија наскоро ќе одржат состанок во Каиро на кој ќе разговараат за новиот договор за нуклеарно оружје СТАРТ, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека двете земји наскоро ќе се состанат за да разговараат за продолжување на инспекциите според договорот, кој беше суспендиран од пред руските сили да ја нападнат Украина.

Изјавата на Рјабков е прва потврда дека разговорите ќе се одржат во Египет. Рускиот дипломат рече дека тоа ќе се случи кон крајот на ноември или почетокот на декември, пренесоа руски медиуми.

Нов СТАРТ, кој стапи во сила во 2011 година, поставува ограничувања на бројот на стратешки нуклеарни боеви глави со кои САД и Русија можат да располагаат, како и распоредување на надземни и подводни ракети и бомбардери, способни да ги носат.

Москва во август годинава ја прекина соработката за инспекции, обвинувајќи ги ограничувањата за патување наметнати на Русија од Вашингтон и неговите сојузници поради нејзината инвазија врз Украина, но додаде дека сепак е посветена на почитување на одредбите од договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.