Руско-белоруска воена вежба близу полската граница

Припадници на руските и белоруските сили изведуваат во петокот заедничка воздушно-десантна вежба на западот на Белорусија близу границата со Белорусија во екот на мигрантската криза но и повторените обвинувања од Минск дека има континуирано згоелмување на силите на земјите членки на НАТО од другата страна на белоруските граници.

Белоруското министерство за одбрана наведе во соопштениетот дека тактичка падобранска единици на двете земји изведува вежба во околината на градот Гродно. Додавадека во вежбата учествуваат руски транспортни авиони „Ил-76“ и борбени хеликоптери на белоруската армија.

„Руските и белоруските падобранци по скоковите зиведуваат низа борбени вежби кои опфаќаат заземање и задржување на позициите, потрага по и ликвидирање цели“, се наведува во соопштението на Минск.

Руската војска, пак, објави дека станува збор за „ненајавена проверка“ на подготвеноста на споменатите единици, како и дека била исполнета целта на вежбите и оти руските војници се враќаат во земјата.

Објавата за вежбите следеше откако претходно во петокот Велика Британија потврди дека „поради миграциската криза“ испратила своја единица на границата меѓу Полска и Белорусија. Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак изјави дека британските војници ќе им помагаат на полските да ја зајакнат оградата на границата.

„Мала група британски војници (…)- беше испратена за собирање инфорамции каква инженерска поддршка може да обезбедиме да се реши ситуацијата на границата со Белорусија“, се вели во соопштението на британското министерство за одбрана.

Мигранската криза на источните надворешни граници на Европската унија, ја загрижува меѓународната заедница и во четвртокот без значајни заклучоци беше ставена на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.