Руско-израелско-американски безбедносен состанок во Ерусалим

123

Советниците за национална безбедност на Израел, САД и на Русија, ќе го започнат дводневниот состанок во Ерусалим во понеделникот посвеетен на состојбите на Блискиот исток и ситуацијата околу Иран, рускиот сојузник кој е огорчен непријател на израелската држава и Американците.

Средбата на советниците за национална безбедност на трите земји се одвива во време на остра ескалација на напнатоста меѓу САД и Иран, поради иранското соборување на американско беспилотно летало и најавите за нови санкции на Вашингтон против Техеран.

Израелскиот премиер Нетанјаху ја опиша оваа средба како „историска и единствена“, и додаде дека таа претставува „многу важен самит за осигурување сабилност на Блискиот исток во несигурните времиња“.

Израелскиот советник за национална безбедност Меир Бен-Шабат ќе биде домаќин на состонакот со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, и секретарот на рускиот Совет за безбедност, генералот Николај Патрушев. Во текот на дводневниот состанок најавени се неколку трилатерални и билатерални средби меѓу учесниците.

Според руската новинска агенција ТАСС, Патрушев истакнал дека на состаноците „Русија ќе ги има предвид иранските интереси коишто ќе им ги пренесе на Израел и на Американците“. Истакнал дека состаноците ќе се фокусираат на ситуацијата во Сирија, каде што е воено присутен и Иран.

Во текот на повеќе од осумгодишната сириска војна, која од граѓански се претвори во регионален па и глобален судир. Израел постојано изведува воздушни удари врз цели на сириската армија, и како што вели ирански воени цели кои го помагаат либанското шиитско движење Хезболах, коешто исто така е воено присутно во Сирија и се бори на страната на претседателот Башар ал-Асад. Русија, која го поддржува Асад успеа во текот на изминатите години да одржи блиски односи и со Израел и со Иран.

На заедничката прес-конференција во саботата во Ерусалим со Нетанјаху, Болтон ги предупреди Иран „да не ги толкува американската разборитост и воздржаност како слабост“, откако американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент ја отповикал својата наредба за воен напад врз Иран во петокот.

„Нашата војска е обновена, нова и подготвена за движење, далеку е најдобрата на светот“, порача Болтон.

Болтон, според израелското радио, во разговорите со Нетанјаху изразил убеденост дека Иран се стреми да дојде до нуклеарно оружје и оти „не сака мир“. Израелскиот премиер нагласил дека „агресивната политика на Техеран“ се засилила веднаш по склучувањето на меѓународниот нуклеарен договор со шест светски сили од 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп еднострано во мај 2018 година ги изведе САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.