Руско МНР: Проширувањето на НАТО со Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот

121

Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Македонија во Алијансата.

Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

– Ваков чекор нема да придонесе за обединувањето на напорите за борба против заедничките закани и предизвици, вклучително и борбата против коронавирусот. Ќе создаде само нови линии на поделба, се наведува во соопштението на руското МНР.

Како што наведува Министерството, „обидите да се даде попмезност и важност на тој настан се покажале безуспешни, поради влошената ситуација со Ковид-19“. – Во услови на вонредна состојба во земјата, лидерите на Северна Македонија сепак не ја испуштија можноста да укажат на историскиот карактер на членството во НАТО, што ја гарантира безбедноста и стабилноста на Скопје, се истакнува во соопштението, што го пренесува ТАСС.

– Очекуваме Скопје да го потврди, во согласност со утврдената процедура, преземањето на обврските на Северноатлантската алијанса врз основа на потпишаните документи со Русија и конкретно Основачкиот акт од 1997 година и Римската декларација од 2002 година, се додава во соопштението на руското МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.