Руско знаме на катедралата во Солзбери, за Москва тоа е провокација

Руското национално знаме накусо во неделата била поставена на скеле на катедралата во англискиот град Солзбери, една година по труењето на двојниот руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, но набрзо била симната.

Сергеј Сркипал, кој во Русија беше осуден за шпионажа во полза на Велика Британија и ослободен по размена со САД во 2010 година, и неговата ќерка Јулија биле отруени со нервен агенс кого британската служба го нарекува „новичок“ во Солзбери на почетокот од март во 2018 година. Лондон ја обвини Русија која негира поврзаност со овој случај и бара учество во истрагата, а тензиите доведоа до зголемување на тензиите меѓу Западот и Москва и масовни повлекувања на дипломатите од двете страни.

Џон Глен, градски советник, го нарече целиот случај од неделата „глупава шега“, во светлината на минатогодишниот напад . Знамето ставено во текот на ноќта било брзо отстрането, а соопштено е дека со овој случај нема да се занимава полицијата. За случајот главно беше пренесено преку социјалните мрежи.

Амбасада на Руската Федерација во Лондон смета дека станува збор за „провокација“ истакнувањето на руското знаме на храмот на Дева Марија во Солзбери, доколку „навистина се случило“.

„Ги видовме овие објави, немаме никаква официјална информација. Доколку подигнувањето на руското знаме на катедралата е точно, тога според нас се чини како добра провокација“, изјавиле од руската дипломатска мисија.

Од таму уште еднаш потенцирале дека иако е мината речиси една година од инцидентот, британската страна сѐ уште не изнела ниеден доказ за наводната вмешаност на Русија, истрагата се води во тајност, а многу прашања и барања на Москва да биде вклучена останале без одговор.

Британија осомничи двајца Руси за наводното труење, за кои тврди дека се припадници на руското воено разузнавање ГРУ. Лицата кои беа покажани на британските телевизии, но со други имиња се појавија на руската државна телевизија и потврдија дека престојувале само како туристи во Англија и во истиот период во Созлбери и оти ја посетиле споменатата катедрала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.