Рускоска се плеткаше – Заев бил, па Јордан бил…

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13, обвини Бојан Јовановски во завршниот збор за случајот „Рекет“.

Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал 77“ каде Русковска не знаела што да одговори во врска со тоа кој го пријавил случајот – Камчев или Заев.

„Се плеткаше, Заев бил, па Јордан бил, па видела нешто – па не видела“ – рече Јовановски.

Не сме сите еднакви пред законот, вели Јовановски, додека објаснуваше како поминувал низ притворот но и поради односот на Русковска.

„Додека бев во затвор бев дискриминиран дека сум бил ‘педер’. Дури и екс-премиерот ме нарече ‘педер’ и кога тоа ќе го каже премиер ги окуражува сите да ме викаат така. И кој одговараше за тоа? Заев? Не, никој не одговараше“ – рече Бојан Јовановски.