Рускоска: Сомневањата за Кацарска, Стефанова требало да ги пријави во Судскиот совет

93

Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата, изјави обвинителката Вилма Рускоска по денешното рочиште за случајот „Рекет“.

За сведочењето на Лиле Стефанова, дека судијката Кацарска била присутна во Кривичен суд додека се одлучувало за „Рекет“, таа изјави дека ако некој има сознанија дека некој судија постапувал непрофесионално, тоа треба да се пријави во Судскиот совет.

-Колешката Стефанова, како обвинител таа процедура треба да ја знае. Недозволиво е вакви сомневања после година и половина да се изнесуваат во судница и без притоа да биде известен судскиот совет, вели Рускоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.