Откако и Бојан Јовановски и Фросина Ременски денеска побараа нејзино изземање поради пристрасност, на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, таа изјави дека денеска дури кога влегла во судница разбрала за тоа.
„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера, изјави Русковска.