Руското Министерство за вонредни ситуации не препорачува користење вотка за дезинфекција

Експертите во руското Министерство за вонредни состојби не препорачуваат употреба на вотка како антисептичен препарат за раце и за подготовка на средства за дезинфекција, пренесе ТАСС.

„За приготвување раствор за дезинфекција, не може да се употребува вотка наместо мадицински  алкохол, бидејќи не содржи доволно алкохол“, се вели во препораката од Институтот за цивилна заштита и вонредни ситуации при Министерството. Сепак, експертите препорачуваат да не се користи за дезинфекција и чист алкохол, бидејќи ја суши кожата, ја иритира, предизвикува чешање и создава микро-пукнатини преку кои вирусот може да навлезе во организмот.

Бескорисно е да се дезинфицираат рацете со раствори што содржат помалку од 60 проценти етил алкохол или помалку од 70 проценти изопропил алкохол, препорачуваат лекарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.