Русковска: Акцијата беше пробиена, наркобосовите се во бегство, фатени се само продавачите

Обвинителката за гонење на организиран криминал и криминал, Вилма Русковска на денешната прес-конференција ги откри детали за вчерашната акција „Планина“ при која приведени 22 лица, но сепак потенцираше дека недостасуваат наркобосовите по кои се трага.

– Пред една година со двајца обвинители и со тимот истражители кои се дел од ЈО се обидовме да собереме доволно докази со кои ќе се онеовозможат за понатамошно делување две криминали групи – рече Рускоска.

Според неа во оваа акција таргет била една група е од село Грчец, а додека другата е од Гази баба.

Тие биле следени со помош на ПИ-мерки со цел да се добијат докази за конечно нивно апсење.

– Уште на почетокот бевме свесни дека за секој од членовите на овие криминални групи мора да собираме поединечно докази затоа што тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и дека постои мала веројатност при спроведување на акција за нивно лишување од слобода дека ќе се најдат големи количини наркотична дрога, во најголем број на случаи се работи за кокаин. Се побараа наредби за поцелоистражни мерки – следење на комуникација и посебна истражна мерка тајно следење и снимање вон приватен имот – рече обвинителката.

– Истражителите на Обвинителството беа во техниката каде што се вршеше прислушвањето односно следење на комуникациите кога имаа сознанија дека одредени лица ќе вршат продажба на наркотична дрога се координираа со другите истражители а овие со службата за следење при што откако ќе се документираше продажбата со помош на одбрани лица на интервентната полиција се вршеше запирање како или запирање на улица при што им беше одземена наркотичната дрога што ја имаа купено – објасни обвинителката.

Таа појасни дека петмина од групата од Грчец се недостапни за истражните органи.

– Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, уапсени се 13 лица, од кои за 9 лица има определено притвор, за 3 куќен притвор и за едно лице мерки на претпазливост. Пет лица ни се недостапни – рече Рускоска, која додеаде дека во групата член било и едно малолетно лице, на кое ќе му се суди посебно.

За криминалната група во Гази Баба извршени се претреси на девет места, при што 8 лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага.

– Во претресите одземени се над 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци, а за пронајдената дрога се уште не се готови вештачењата, но најдена се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчец е пробиена. Беше се исчистено и не се пронајде поголема количина. На три локација се најдени околу 100 грама кокаин – истакна Русковска.

Таа додаде дека без разлика на малата количина, располагаат со цврсти докази.

– Од стартот знаевме дека нема да најдеме голема количина, и затоа за секого посебно цела година прибиравме докази. Одземени се 3 возила, а луксузните возила на водачите беа сокриени и некаде пронајдени се само клучеви – истакна Русковска.

Таа појасни дека за сега нема информации за тоа кои се доушниците, бидејќи петмината главни нарко босови се во бегство.

– Да беа фатени ќе им ги земевме телефоните, и ќе видевме. Но ќе направиме напори да утврдиме дали биле вмешани припадници на МВР или вработени во други институции. Во моментов лицата кои се недостапни за нив ќе се чекаат информации од полициските станици, дали ќе бидат пронајдени и приведени, доколку не се случи тоа, од судија во пред истражна постапка ќе биде побарано да се испише, како домашна, така и меѓународна потерница – рече Русковска.

Обвинителката упати благодарност до истражителите и до интернветната полица, и до единицата за следње, како и до министерството за здравство, кои им обездувале брзи ПЦР тестови, за лицата кои се приведени да можат да бидат изведени пред истражен судија.