Русковска не е прифатливо решение за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не го гони криминалот на Заев

Единствен којшто се залагаше за конкретно решение пероснализирано беше токму Зоран Заев кој што на секој начин се обиде да ја заштити Вилма Русковска да не биде сменета со цел да го амнестира криминалот, рече во понеделникот Димче Арсовски, портпарол на опозицисксата ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на телевизијата Канал 5.

Арсовски потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо секое решение кое ќе ја врши функцијата професионално, непристрасно и чесно, додавајќи дека јавната обвинителка не го води професионално случајот „Рекет“, бидејќи среде скандал кога целата јавност бара одговор за вмешаноста на фисоки политички функционери, таа заминала на колективен одмор а со тоа ѝ овозможила на обвинетата сега веќе поранешна специјална јавна обвинителка Катица Јанева да уништува докази.

Ние би го прифатиле секое решение коешто својата работа ќе ја врши чесно и професионално. Ние имаме наназад случаеви каде што еве последниот случај ‘Рекет ‘ е воден тотално непрофесионално од страна на Вилма Русковска, којашто во екот на истрагата кога требаше да биде достигнат врвот на истрагата Вилма Русковска отиде на колективен одмор. Дали некој и кажал да замине за да може да се прикриваат докази, за Катица Јанева да може да дивее низ Специјалното јавно обвинителство и да брише докази и да форматира компјутери, нагласи тој.

Арсовски, рече дека скандалот „Рекет“ е најголем криминален скандал во кој се вмешани високи функционери од власта, па сѐ до лица од шоу бизнисот мора да добие разрешница.

Ова е најголем случај во историјата на Република Македонија за корупција и за рекетирање каде што една цела криминално мафијашка спрега којашто се занимава со рекетирање од власт до шоу бизнис и апсолутно овој случај треба да доживее разрешница, рече портпаролот на ВМРО-дПМНЕ.

Арсовски ја искоментира и изјавата на Русковска дека Заев сам го пријавил случајот Рекет кај нејзе, укажувајќи дека за пријавување мора да постои записник а, потенцирајќи дека се спротивно од тоа е само едно начин да се тргне од целиот случај и вина.

Самата Вилма русковска кажа дека Зоран Заев усно пријавил а нема записник. Па од каде да сме сигурни дека пријавил усно и од каде да сме сигурни дека тоа не го кажуваат координирано само за да се тргне настрана од целиот случај, на сите ни е јасно кој е главата на октоподот, објасни Арсовски.