Русковска: Не сме сигурни дека Сашо Мијалков ја напуштил државата

Не сме сигурни дека лицето Сашо Мијалков ја напуштил државата, вели шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за „360 степени“.

„Би требало да се најде човекот што се бара, тоа во секој случај на сите би ни било драго, но сепак кажувам дека не сме сигурни дека истиот ја напуштил државата“, вели Русковска.

Во следните денови Обвинтиелството ќе одлучува што ќе се презема и во која насока, а вечерва обвинителката не ги откри следните планови во однос на недостапноста на Сашо Мијалков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.