Русковска: Не успеавме да докажеме до сега дека којбило сторил кривично дело во врска со бегството на груевски

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во вечерашното гостување во „24 Отворено“ на ТВ 24 изјави дека има поднесени две кривични пријави од анонимни граѓани против Камчев и неговата сопруга за давање поткуп, една за него, друга за сопругата.

„Јас само велам што предвидува законот, а каква одлука ќе донесеме зошто се анонимни, ќе доставиме соопштение. И тие предмети се постапува како сите други. Треба да знаете дека во обвинителството има само 9 обвинители и јас како шеф. Според сегашната систематизација сме тројца помалку, сега мсе 10, а според постоечката систематизација треба да сме 13. Знаете колку притвори имаме во моментов?

Русковска изјави дека толку е капациетот за работа и дека решението е во избор на дополнителен број на обвинители.

Што се однесува до истрагата за бегството на Груевски, Русковска изјави дека нема докази за тоа, има сознанија, но како обвинител не може да си дозволи сознанија без докази да изнесува во јавноста.

„Клучните докази од Албанија не ги добивме и се друго се индиции и сознанија за кои не можам да зборувам. Ние испитувавме дали тие пропусти се направени како резултат на сторено кривично дело. Не успеавме да докажеме до сега дека било кој сторил кривично дело во врска со бегството на Груевски.“ – рече Русковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.