Русковска негира дека Боки 13 ниту кажал, ниту понудил нешто додека давал искази

Обвинителката Вилма Русковска за ТВ21 вели дека првообвинетиот во двата случаи „Рекет“, Бојан Јовановски ниту нешто кажал, ниту ,пак, нешто понудил за време на последните искази.

Обвинителката, Вилма Русковска која ги води двата случаи „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, во кои првообвинет е Бојан Јовановски ги негира информациите што беа објавени дека во исказ пред Обвинителството Боки кажал информации кои водат до врвот на власта.

Обвинителката изјави дека ништо од тоа што беше денеска објавено по медиумите дека парите од Боки биле давани на лица блиски на власта, не е точно.