Русковска нема да бара снимки од Владата за „бомбата“ на Милошоски

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, нема да ги бара снимките од Влада од месец мај, како што вчера ѝ предочил опозицискиот пратеник Антонијо Милошоски. Снимките кој тој ѝ ги предаде Русковска ги пратила на вештачење за да ја провери нивната автентичност.

„Ако посочеше конкретни датуми, ќе се побараше”, рече Русковска.