Русковска нема коментар за Законот за ЈО, чека да излезе во Службен весник

Толку пати се менуваа одредени членови во Законот за ЈО, што чекам да излезе во Службен весник пред да дадам било каков коментар, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

– Толку пати се менуваа одредени членови во тој закон што навистина чекам да излезе во Службен весник, да го прочитам па да можам да дадам било каков коментар, изјави Русковска, прашана за став за Законот за ЈО.

Во врска со тоа до каде е обвинението за Меѓународен сојуз и дали има информации дали е прифатено, Русковска, рече дека се уште нема информации.

– Немаме информација, уште немам добиено решение од судот, изјави Русковска.