Русковска: Олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави, ќе размислиме за затворски притвор

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека ќе се размисли дали да се бара затворски притвор за Сашо Мијалков, но напомена дека олеснителна околност било што тој сам се пријавил.

-Тој прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави, но само во ОЈО. Се консултирав со јавниот обвинител дали сепак да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Мене колку што ми е познато од разговор со претседателот на Судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена, зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање на мерка притвор. И Јовевски се согласил. Ќе размислиме дали да побараме затвроски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави. А, решението на Мијалков не му беше врачено. При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението, изјави вечерва Русковска.