Русковска: Отворен е предемет за објавените аудио – снимки на Јутјуб

Многу прашања а премалку одговори по објавувањето на новите аудио снимки на кои бизнисменот Орце Камчев, кој денеска за медиумите потврди дека е неговиот глас, разговара со за сега непознати луѓе во врска со случајот „Рекет“ но и истрагата за случајот „Империја“ во која тој еден од осомничените. Каде се парите од торбата Луј Витон, дали во неа имало вграден ГПС систем за следење и од каде протекуваа информациите за работата на обвинителството? Камчев со две рзлични изјави во врска со берндираната торба во која ги ставил 1,5 милионите евра кои, како што тврди тој, му ги дал на обвинетиот Бојан Јовановски.

Наспроти ова, шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во телефонски разговор за ТВ 24 рече дека Камчев досега ниту еднаш не споменал таков податок. Русковска е убедена дека снимките не протекле од обвинителството на чие чело е таа.

„Не верувам дека имало ГПС. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа. Не верувам дека некоја обвинителка ги земала снимките и ги дала на Мицкоски, пред се’, поради начинот на кој беа чувани.“ – Вилма Русковска, Обвинителство за организиран криминал.

Според Русковска, аудио снимките не се дел од доказниот материјал во „Рекет“ а обвинителството вчера соопшти дека отворило случај по првичното објавување на аудио снимките на каналот „Јутуб“. Од таму појаснуваат дека е издадена наредба до МВР да прземе дејствија и мерки и барање за прибирање на потребни известувања кои треба да се достават до „Јутуб“. Со постапката, велат од обвинителството, треба да се утврди идентитетот на човекот што ги објавил снимките но и да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на луѓето што разговараат со Камчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.