Русковска: Притвор за првоосомничената побаравме бидејќи има хотел во грција, поради можност за бегство

Вилма Русковска, шефицата на организираниот криминал, во вечерашното гостување во „24 Отворено“ на ТВ 24 во врска со повикувањето на Ременски  во судот и откривањето на суми испратени преку вибер пораките, изјави дека истрагата се уште трае и не може да зборува за детали во истрагата.

„Во фаза на истрага не можам да зборувам подетално. Воопшто не реков дека постојат некои цифри. Сопругот на Ременски е вработен во АНБ, не е во МВР. Тој не е повикан, а дали ќе биде повикан зависи од други околности. Не исклучувам можност да бидат повикани други лица“ – рече Русковска.

На прашањето како се проценило дека за другите не е побарано притвор, таа изјави дека притвор беше побаран само за една осомничена, но судот го одбил предлогот и одреди куќен притвор.

„За другата, која беше породена, ние како обвинителство предложивме одземање на патната исправа и за третиоот само мерки за претпазливост. Сметавме дека не е во ред цели семејства да завршат во истражен затвор. За четвртата сметавме дека мерки на претпазливост се доволно добри, зошто добар дел од доказите и сведочењата во предистражна постапка, беа обезбедени и само за првоосомничената каде баравме притвор, баравме зошто знаевме дека има хотел во Грција и постои можност за бегство.“ – рече Русковска.