Русковска ретерира: Обвинетите за насилен влез во Собранието не се терористи

Обвинителката, Вилма Русковска, во гостување на „Само интервју“, се осврна на случувањата од 27 април.

-Објаснив дека во 27 април не се работи за терористи. Требаше сите да одговараат само за рушење на уставниот поредок – посочи Русковска.

Таа вели дека Амнестијата за дел од луѓето поврзани со случувањата била политичка одлука.

-Па, ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот – додаде Рускоска.

Рускоска доби прашање како гледа на тоа се отфрлаат тужбите поднсени од новинарите кои беа присутни во Собранието.

-Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена – вели обвинителката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.