Русковска вип гостинка на прославите на Боки 13, организирани со парите од рекетот?

477

Обвинителката Вилма Русковска била чест гостин на спектакуларните прослави што ги органзирал Бојан Јовановски – Боки 13, обвинет во „Рекет“. Русковска е ВИП гостин на првиот роденден на 1 ТВ во Македонската филхармонија, пишува „Република“.

Скапите прослави што ги органзираше Боки 13 како споственик на 1ТВ, како што самиот се претставува, беа причина многумина од поодамна да се сомневаат во начинот на финансирање на медиумот. Таквите индиции сепак не ги спречија лицата од власта, вклучително и обвинителката Вилма Русковска да продефилираат на црвениот килим на Боки 13 во април годинава.

Бојан Јовановски – Боки 13 е првоосомничен во случајот Рекет, случај во кој се поврзува и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која јавноста се сомнева дека директно го помагала и поддржувала во уценувањето и изнудувањето на милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.