Русковска во Владата бара документи за набавка на софтверот направен од Рашковски

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање, изјавила обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24.

Во рок од две недели од секретаријатот, каде што претходно работеше Рашковски ќе треба да ги достават побараните документи. Истражителите собираат податоци и за Инвока груп- фирмата која го изработила софтверот. Тоа што Рашковски во моментов е во Мексико, не е проблем за предистрагата во кој се утврдува дали имало кривично дело поврзано со тендерот.

Додека поранешниот генерален секретар во Владата Рашковски одмара во Мексико, опозицијата прашува дали може да си дозволи луксузен одмор со платата како државен службеник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.