Русковска за Боки 13, идниот лидер: Секој има право да сонува!

Обвинителката Вилма Русковска ја коментираше изјавата на Боки 13 дека тој ќе биде идниот лидер, и дека ќе го надмине Тито.

„За тоа дека ќе биде идниот лидер, само ќе кажам – секој има право да сонува“, рече Русковска.

Таа ги коментираше и зборовите на Јовановски дека е политички затвореник, и му врати дека за такво нешто треба да биде политичар или да има политички ангажман, а тоа Боки го немал.