Руслана: Ќе се самозапалам ако не се исполнат барањата на Украинците

Украинската пејачка и поранешна амбасадорка и пратеничка, 40-годишната Руслана Лужичко, која во светот е позната како победничка на Евросонг 2004 година, во говор пред демонстрантите на Плоштадот на независноста во Киев, порача дека ќе се самозапали ако Владата и претседателот на Украина не ги исполнат барањата на Украинците , кои протестираа во корист на евроинтеграциите, јавува „Anadolu Agencuy“.

Пејачката Руслана протестира од првиот ден на демонстрациите против одбивањето на Украина да потпише договор за понатамошната нејзина евроинтеграција.

„Ова не е шоу, ова е животот. И она што денес го правиме на плоштадот е бескрајно важно за нашиот живот. Мирно ви кажувам, доколку нема промени, ќе се запалам на овој плоштад. Ја донесов таа одлука“, изјавила Руслана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.