Рустеми кажа кога ќе заврши проектот за автопатот Кичево – Охрид

Директорот на Ј.П. Државни патишта, Ејуп Рустеми, во рамките на синоќешната емисија „Економски магазин“ на АлсатМ, прашан од новинарот Иле Петревски за реализацијата на проектот за автопатот Кичево-Охрид, рече дека експропријацијата на земјиштето ќе се реши до крајот на декември, а до крајот на следната година ќе заврши проектот.

„До крајот на декември ќе ја завршиме експропријацијата на земјиштето и се чини дека и сега имаме вонредни активности, многу зголемени, во изградбата на патот, дека во наредната година ќе имаме вонредни активности, како што се очекува до крајот на годината, 31 декември 2023 година, проектот да биде завршен“, изјави Рустеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.