Рутинска победа на македонските фудбалери против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација ја постигна во саботата вечерта и третата победа со 4:1 (3:1) над селекцијата на Лихтенштајн во рамките во Групата Д од последната вкалитативна група Д од Лигата на Нациите на УЕФА и со максимален ефект се зацврсти на првата позиција, којашто по изненадувањето на вечерта во ова натпреварување што го приреди Гибралтат на гостувањето кај Ермениј, најверојатно ќе ја задржи до крајот на циклусот.

На Националната аена „Филип Втори“ македонската репрезентација рутински ја потврди фаворитската улога и ја продолжи серијата без пораз која трае десет натпревари, а на против Лихтенштајн беше постигната вкупно шеста победа.

Добрата игра ја навести со ударот на Барди во шестата, минута, а Македонија во водство дојде по само четири минути од оваа шансао по одличната акција низ средината на противничкиот казнен простор, кога по асистенцијата на капитенот Горан Пандев со гол ја заврши Александар Трајковски. Избраниците на селекторот Ангеловски пропуштија две шанси преку Хасани и Трајковски во 14 и 17 минута. Откако малку падна темпото во 30 минута повторно Пандев асистираше а Трајковски реализираше за 2:0 за Македонија. Веќе во 36 минута, македонската селекција дојде до убедливите 3:0, откако по слободниот удар на Енис Барди голманот Бухел одби, а Пандев искусно со приземен удар од седуманесетина метри го совлада гостинскиот голман. Но веќе во грешката на Муслиу гостите ја казнија преку Сејхан Јилдиз за намалување на водството.

Првата шанса во вториот дел Македонија ја имаше преку Несторовски, во 53 минута, но овој во завршницата на акцијата не го казни невниманието на противникот. Истиот фудбалер потоа во 61 минута пропушти уште подобра шанса да го зголеми водството, но македонскиот централен напаѓач стрелаше во противничкиот голман. По корнерот во 69 минута, Езгјан Алиоски беше упорен и со малку среќа успеа да постигне гол за 4:1 што се покажа и како конечен резултат. До крајот на дуелот, мекедонските фудбалери не успеаја да реализираат уште неколку изгледни прилики, како во 86 минута кога Николов имаше можност да го постигне и петтиот гол, додека последната шанса ја испушти Трајковски во 89 минута кога шутираше крај голот откосо од работ на петерецот, и оа не постигна хет-трик.

На првиот натпревар од нашата група денеска Гибралтар приреди изненадување и ја совлада Ерменија на гости со 1:0. Така Македонија е прва во групата со 9 бодови, по 3 имаат Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.

Македонската репрезентација следниот дуел го игра на 16-ти октомври во Ереван на гости кај Ерменија.