Рутинска победа на ЖРК Вардар кај Битингхајм

Ракометарките на Вардар во неделата ја забележаа осмата победа во осмиот натпревар во Лигата на шампионките оваа сезона, откако беа подобри од германскиот претставник Битингхајм со убедливи 38:26 (16:14), со што практично се пласираше во четвртфиналето.

Ракометарките на Битигхајм даваа отпор само до средината на првото полувреме, а потоа „вардарки“ посериозно му пријдоа на мечот и почнаа да со зголемување на резулатот, про што во еден момент имаа водство од „плус пет“ (16:11), но во финишот од првиот дел им овозможија на домаќинките да го намалат заостанувањето на два гола (16:14), што беше резултатот со кој се отиде на одмор.

Второто полувреме донесе ново лице на Вардар чиишто ракометарки ја демонстрираа разликата во квалитот. Битингхајм не се отстапи од тактиката 7-6, а како одминуваше натпреварот зачестија нивните грешки, што на гостинките им овозможуваше лесни голови за на крајот да слават убедлив триумф од 38:26.

Андреа Пенезиќ со осум гола беше најефикасна ракометарка на Вардар, Цвијиќ постигна седум, Лекиќ шест. Лејно беше одлична на голот со 12 интервенции.

ЖРК Вардар на четири кола до крајот го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Во следното коло на домашен терен ја пречекува екипата на Будуќност.