Сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, ќе ниже порази, порача Рамбабова

20

Денеска, кога сводичиме на масовна имунизација на граѓаните, кога институциите со сите сили се борат бројот на новозаразени од коронавирусот да се намалува постојано, ВМРО-ДПМНЕ организира протест каде има групно собирање што е опасно по јавното здравје, вели пратеничката на СДСМ Емилија Рамбабова.

– Денешниот протест е само нов чин во деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое трае за време на целата пандемија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано дејствуваат на штета на здравствениот систем и јавното здравје. Јавноста памети како Мицкоски прв ги кршеше мерките за заштита, како ширеше лажни вести со кои ја вознемируваше јавноста, како преку неговите кадри во преодната влада работеше на штета на граѓаните и на државата во време на здравствена и економска криза. Истите оние кои 11 години ги малтретираа здравствените работници, кои секогаш се противат на покачување на платите, кои се противат на изградба на нов Клинички центар денеска глумат загриженост за здравството и јавното здравје. Лицемерие на дело – рече Рамбабова.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ работи против здравствениот систем, додека СДСМ вложува во јавното здравство и во здравствените работници.

– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да сфатат дека со деструкции, со лицемиере и неодговорно однесување не можат да постигнат ништо. Затоа, за почеток, наместо да прави шоу наводни протести и да ја копираат Шарена ревилуција, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Собрание и да изгласа финасиска помош за погодените граѓани од коронакризата кои се борат за егзистенција. Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на страната на вирусот наместо на страната на граѓаните и здравството, се до тогаш ќе нижат порази од граѓаните и уште долго ќе бидат во опозиција – смета Рамбабова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.