СЈО гнездо за раскалашно трошење народни пари

Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за изминатите четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.

1974

Не стивнуваат реакциите во јавноста кои со презир, огорченост и лутина упатуваат на дрското и неодговорно трошење на огромни суми на пари за некакви бонуси и „додатоци за доверливост“ што обвинителите во СЈО ги земале, и покрај нивните високи плати.

Овој „додаток за доверливост” всушност им го оовзможува законот за СЈО, со образложение за да се заштителе содржините од „бомбите“ односно обвинителите да го држат во тајност тоа што го слушнале во телефонските разговори. Но и покрај тоа што овие расфрлања со бонуси кои ги одредувала Јанева е законски покриено, легитимно се поставува сомнеж за злоупотреба на парите, бидеќи станува збор за енормно високи суми.

Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за изминатите четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.

Ниту правдата ја донесоа, а од друга страна случајот „Рекет“ откри што всушност на специјалната Катица Јанева и било целта да испорача, иако во насока на почитување на правото на пресумпција на невиност, не би било коректно предвреме да се донесуваат заклучоци. Сепак, едно е повеќе од коректно да се напомене, а тоа е дека од септември 2015 година, кога беше формирано, па до сега, Катица Јанева и нејзиниот тим од специјални обвинитeли, потрошиле околу 9 милиони евра, а заедно со одобрениот буџет за годинава, СЈО ќе „изедеше“ околу 12 милиони евра народни пари.

Буџетот на ова Обвинителство, кое за многумина беше противуставно, а формирано само со политички коннсензус, од година на година се зголемуваше, па така за неколку месеци во 2015, на СЈО им беа дадени 220 илјади евра, во 2016 сумата се искачи на 2 милиони евра. Во 2017 на 2,6 милиони евра, во 2018 СЈО не чинеше 3,1 милиони евра, а за 2019 им беше одобрем буџет од 3,7 милиони евра.

Поединечната плата на обвинителите беше чувана во голема тајност, а според последните информации, минатата година СЈО потрошило еден милиони евра само за плати.

Според новиот сајт „Отворени финансии“ на Министертсвото за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси по основ „додаток за доверливост“ на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, од која Катица Јанева добила 157 илјади евра.

По обелоденувањето на вртоглавите бонуси, надвор од невообичаено високите плати на обвинителите во СЈО, експертската јавност е сѐ погласна во ставот дека обвинителите треба да ги вратат добиените пари и да поднесат оставки од обвинителствата каде што беа префрлени, а Обвинитеството да отвори финансиска истрага за тоа дали постојат злоупотреби при трошењето на парите во СЈО.

Покрај поранешната специјална обвинителка Јанева, која  земала 157 илјади евра, како додаток надвор од редовната плата, и другите нејзини колеги не собирале трошки за време на нивниот мандат. По Јанева, очгледно „најзаслужна“ се покажала обвинителката Елизабета Јосифоска, која освен редовната плата, земала 107 илјади евра. Бонусот за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители и изнесувал 2.440 евра месечно, а за Јанева тој изнесувал 4.000 евра месечно.

Според добиените бонуси, следува обвинителката Лиле Стефанова која земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра бонуси за 4 години, а слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. На сметката на Ленче Ристоска легнале бонуси во висина од 72.520 евра. Покрај овие дополнителни исплати, дел од обвинителите примале пари за кирија, или за превоз до Скопје.

 

Покрај скандалите во врска со трошењето и платите во оваа институција деновиве се појави и информација дека во СЈО се потрошиле 13.300 илјади евра за апетисани само во 2019 година.

Опозицијата бара ревидирање на финансиските извештаи на СЈО и утврдување на  евентуални злоупотреби, премиерот Зоран Заев во одбрана на обвинителите, вели дека нема да дозволи да се фрли негативно петно врз нив.

„Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваат поголема плата за некои 300-500 евра, не знам колку е точно поголема, затоа што сериозно преземаа одговорност и преку чувањето на самите материјали кои носат дополниттелна одговорност. Јас нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители“, вели Заев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.