Сѐ поизолираниот Џонсон се опира да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе се бори за опстанок на власта, и покрај сѐ побројните повици да отстапи од должноста.

Позицијата на Џонсон е поткопана со низата оставки на министри, функционери и пратеници од неговата Конзервативна партија, коишто сметаат дека тој не ја води добро владата. На редовното неделно сослушување на премиерот во парламентот тој дојде со борбен став, пренесуваат британските медиуми.

Откако оставка поднесоа повеќе од 20 функционери, дел од пратениците сметаат дека Џонсон не може да ги пополни тие места во периодот кога владата е повикана да реагира на растот на животните трошоци и да го поддржи стопанството чиј раст забавува и му се заканува рецесија.

Судбината на Џонсон на премиерската должност може да биде решена уште подоцна во средата кога се состанува ткн Комитет 1922 на Конзервативната партија кој ги поставува правилата за гласање за доверба. Најмалку 54 конзервативни пратеници во парламентот мора официјално да му упатат барање на партискиот Комитет 1922, Греам Брејди, за гласање доверба за тоа да биде покренато. Писмата се доверлив, па само челникот на ова тело знае колку точно се доставени.

Портпаролот на Џонсон изјави дека премиерот смета дека би го преживеал таквото гласање.

„Работата на премиерот е во тешки околности да продолжи со работењето. Тоа и ќе го сторам“, изјави Џонсон.

Претходно се обиде да покаже авторитет со брзото именување на Надим Захави, популарен политичар во Конзервативната партија кој го сметаат заслужен за брзата набавка на вакцините против Covid-19, на позицијата министер за финансии. Меѓутоа, настапот на Џонсон во парламентот наиде на брутален одговор, пишува Reuters.

Тешката позиција во којашто се наоѓа се покажала кога дел од неговите колеги во владата не успеале да се воздржат од смеа, додека челникот на лабуристичката опозиција рекол дека Џонсон е предводник на „лесната бригада“, пренесуваат медиумите.

Џонсон за оставка го прашале и тројца пратеници од неговата партија.

„Очигледно дека постојат околности во коишто би чувствувал дека е невозможно оваа влада да продолжи и да го отфрли мандатот кој го доби, тогаш тоа би го сторил“, одговори Џонсон.

Беше нападнат и од довчерашниот министер за здравство Саџид Џавид, кој ги наброи сите афери и гафови на Џонсон и неговата влада.

„Во еден момент мораме да заклучиме дека е премногу. Таа точка е денеска“, рече Џавид.

Според анкетата на YouGov, чиј соосновач е и новиот министер Захави, со поранешниот министер се согласуваат и 69 отсто од Британците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.