Сѐ повеќе германски десничари поседуваат оружје

Во Германија минатата 2020 година е забележан остар раст на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје за регистрирани припадници на радикалното десно милје, соопшти германската влада во вторникот.

„Кон крајот на 2020 година 1.200 припадници на радикалната десница легално поседувале оружје“, произлегува од соопштението на германската влада на прашање на пратеничката група на партијата Левица во Бундестагот. Тоа претставува раст од 35 отсто во однос на претходната 2019 година.

Истовремени и припадниците на движењето Граѓани на Рајхот (Reichsbuerger), кои не ја признаваат Германија во сегашната форма но директно властите не ги вбројуваат во екстремната десница, поседуваат 528 дозволи за носење огнено оружје.

Според партијата Левици ова е предупредувачка информација и оцени дека станува збор за „опасен тренд“.

„Овој раст е доказ за растечката опасност која доаѓа од неонацистите и расистите“, изјави Мартина Ренер, внатрешнополитичката портпаролка на пратеничката група на партијата Левица во Бундестагот.

Ренер, која пријавува дека и самата е цел на постојани закани и напади кои наводно доаѓаат од крајно десно политичкиот спектар, апелираше на безбедносните служби да ја променат тактиката на борбата против радикално десната сцена.

Министерството за внатрешни работи на Германија објави дека требдот на зголемувањето на легалното вооружени припадници на крајната десница треба да се поврзува со зголемувањето на нејзините припадници. Кон крајот на 2019 година министерството бројот на припадниците на екстремната десница ги проценуваше на 32.000, од кои 13.000 се сметаат за насилни.

Дозволата за поседување огнено оружје овозможува поседување ловечко или спортско оружје, но само за лов или за одење на стрелиште.

Од минатата година германското министерство за внатрешни работи на секои три години проверува дали лицето со дозвола за поседување оружје ги исполнува условите за тоа. Во тоа спаѓа и проверката на пропадноста на некоја од забвранетите организации кои се наоѓаат на листата на германското Биро за заштита на уставниот поредок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.