Сѐ уште не се знае кога Борис Џонсон ќе се врати на работа

Сѐ уште нема одлука кога британскиот премиер Борис Џонсон ќе се врати на работа, рече министерот за здравство Мат Хенкок за Скај њуз.

– Зборував со премиерот вчера, тој е во добра форма. Сигурен сум дека ќе се врати веднаш штом лекарите го препорачаат тоа. Одлуката сѐ уште не е донесена, но премиерот разговара преку телефон и одржува контакти – додаде Хенкок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.