Сѐ уште не е извештачен мобилниот телефон на Боки 13

Се преземаат активности за вештачење и на мобилниот телефон на Бојан Јовановски – Боки 13, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Плусинфо“.

Телефонот на Јовановски му бил одземен уште на 15 јули, дента кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“ и тој заедно со Зоран Милески – Кичеец, беше приведен.

Тогаш, обвинителката Вилма Русковска прати истражители и во домот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, да ѝ ги одземат мобилните телефони за да се провери вмешаноста на Јанева во овој скандал.

Во истрагата за „Рекет“, покрај мобилните, од домовите на Боки 13 и неговите родители, како и од канцелариите што тој ги користел во 1 ТВ, обвинителството заплени два персонални компјутери и лаптопот кои ги користеле тој и неговата асистентка, како и поголемо количество брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела.

При претресот кај Зоки Кичеец, пак, беа запленети мобилни телефони, повеќе лаптопи, УСБ стикови и мемориски картички, а и поголемо количество на оружје и муниција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.