Сајбер напад ги блокираше станиците на украинската влада

Кибернетички напад од големи размери кој ги предупредува Украинците да „стравуваат и да го очекуваат најлошото“ ги урнал во четвртокот ноќта веб-страниците на владата на Украина, од кои некои во петокот претпладнето и натаму се недостапни, па во Киев започнаа истрага.

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи предупреди дека е рабно да се каже кој би можел да стои зад кибернетичкиот напад, но сепак не испишти можност да каже дека зад некои претходно такви напади стоела Русија без да пружи докази за тоа.

Цел на последнито кибернетички напад, меѓу другото, беа веб-странциите на министерството за надворешни работи, министерскиот кабинет и советот за одбрана. Русија во претходните обвинувања кои доаѓаа од страна на Киев ја отфрлаше секаквата своја вмешаност во кибернетичките напади во Украина од која бараше со аргументи да ги поткрепи таквите обвинувања.

На украински, руски и полски јазик, на Укранците им е порачано дека сите нивни лични податоци сега се поставени на јавната мрежа, дека податоците на личните компјутери се уништени и дека не е можно да ги повратата.

„Сите информации за вас сега се јавни, стравувајте и очекувајте го најлошото. Ова се вашите минато, сегашност и иднина“, објавија хакерите.

Неуменуван украински функционер задолжен за безбедноста за Reuters рекол дека „сите субјекти за кибернетичка безбедност се свесни за ваквите можни провокации од Руската Федерација, како и дека одговорот на таквите инциденти ќе биде вообичаен“.