Сајкоски: Наместо класичен протест, утре со автомобили против злоупотребите на европските пари

Денес 535 новозаразени и 6 починати. Црн биланс за државата, уште еден доказ за неспособноста на владата. Заклучокот е дека владата најмалку се грижи за здравјето на граѓаните. И ова е само еден сегмент за незадоволство, иако има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста. Утре ВМРО-ДПМНЕ закажа протест во 18:30 часот, и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта, стои во Фејсбук статусот на Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари, пишува тој.

Утре во 18.30 часот пред платото на СЦ Борис Трајковски па се до СЕП во центарот на Скопје. Апелирам на употреба на заштитни маски, безбедно растојание и почитување на протоколите. Се гледаме. Стоп за злоупотребата на европските пари, повикува Сајкоски.