Саад ал-Харири во вторникот ноќта се врати во либанската престолнина Бејрут, првпат откако на почетокот од ноември со својата оставка на премиерската должност предизвика политичка криза во својата земја.
На аеродромот во Бејрут премиерот во оставка по излегувањето од авионот го пречекаа припадници на безбедносните сили, а доаѓањето на Саад ал-Харири во земјата можеше да се следи во живо/
Ненадејната оставка на ал-Харири на 4-ти ноември во текот на службената посета на Саудиска Арабија го втурна Либан во политичка криза и земјата ја стави на првата линија на регионалното ривалство меѓу сунитската Саудиска Арабија и нејзините сојузници и шиитски Иран од друга страна.
Во својот говор при поднесувањето на оставката во Ријад, ал-Харири рече дека насетил заговор чијашто цел е негово убиствот. Притоа го критикуваше Иран и неговиот либански сојузник моќното шиитско движење Хезболах.
Хезболах, кој е дел од неговата влада, пак, одговори дека ал-Харири всушност е заложник на Ријад во исполнување на регионалните цели на саудиската монархија.
Ал-Харири во саботата во француската престолнина Париз изјави дека следната седмица, кога ќе се врати во Либан, ќе ги објасни своите ставови за актуелната политичка криза по средата со претседателот Мишел Аун. Либанскиот претседател Аун ја одби инаку оставката на премиерот додека тој не се врати во Бејрут.
Ал-Харири е сунитски муслиман, долгогодишен сојузник на Саудиска Арабија, додека претседателот Аун е христијанин и сојузник на шиитски Хезболах кој е делд од владејачката коалиција на ал-Харири формирана минатата 2016 година.