Во сабота обилни врнежи од дожд

Во сабота се очекува нов влажен бран, со обилни врнежи од дожд. Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд не очекува денес. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје слично време

Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во сабота обилни врнежи од дожд

Според најавите од УХМР, и утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а нов влажен бран со обилни врнежи ќе има во сабота.

Во сабота обилни врнежи од дожд
Во сабота обилни врнежи од дожд

Во сабота локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен, особено во западните и северните делови од земјата.