Саботно мени во Нетпрес: Ќофтиња во сос и тоблероне колачиња

Нашиот предлог за денешниот ручек се сочни ќофтиња во сос и неодоливи колачиња.

 Потребно:

500гр мелено месо

1 кромид

1 јајце

100гр леб

100мл кисела вода

Сос од домати

1 кромид

1 лајца брашно

2 домата

Подготовка:

Најпрво се прават кофтињата. Се меша меленото месо со ситно исецканиот кромид, се додава натопениот леб со кисела вода и се меша јајцето. Потоа се додаваат зачините и се формираат кофтиња. На намрсена тепсија се печат кофтињата 25мин на 200ц. За тоа време се приготвува сосот.

 Сос

Кромидот ситно се сецка и се запржува на масло. Се додава 1 лажица брашно и се додаваат доматите кои претходно ги имам исцедено на соковник. Се додава и малку вода во зависнот од густината на сосот. Се додават зачините и пола лајче шеќер за да се разблажи киселоста од доматите. Се вари 10мин.а потоа се додаваат печените кофтиња кои се варат во сосот уште 15мин.

Се сервира со шпагети или пире.

Тоблероне колачиња се одличен избор за вашиот денешен десерт.

Потребно:

3 јајца

300 г. чоколадо за готвење

300 г. лешници

300 г. путер

300 г. бисквити

300 г. шеќер

Подготовка:

200 г. шеќер растопуваме во тенџере и додаваме 200 г. препечени цели лешници, мешаме и ги ставаме во чинија (премачкана со масло) да се оладат. Остатокот од шеќерот се мати со јајцата (додека да се добие пена). Путерот посебно се мати со миксер и се меша со јајцата, се додава стопеното и оладено чоколадо и 100 г. мелени лешници. Оладените лешници со шеќер се сецкаат ситно, па се додаваат во смесата и се додаваат и бисквитите. Смесата добро се меша и се сипува во калапи. Се остава во фрижидер да се стегне, па се вади од калапите и се сече.