САД: 11 сенатори ги оспоруваат резултатите од Изборниот колеџ и бараат истрага

Единаесет републикански сенатори планираат да се состанат следната недела за да ги оспорат резултатите од гласањето на Изборниот колеџ на претседателските избори во САД.

„Конгресот треба веднаш да назначи Изборна комисија, со целосни овластувања за истражување и утврдување на фактите, што ќе спроведе итен десетдневен преглед на изборните резултати во спорните држави“, рече групата од 11 сенатори во заедничката изјава, цитирана од медиумите.

Седум сегашни и четворица избрани членови на Горниот дом изјавија дека сојузните држави индивидуално ќе ги разгледуваат резултатите од комисијата и доколку е потребно, ќе одржат посебна законодавна седница за да ги потврдат резултатите од изборите.

„Соодветно на тоа, имаме намера да гласаме на 6 јануари за да ги предизвикаме избирачите од спорните држави како „нерегуларни“ и „законски заверени“ (законски пропишани услови), сè додека не заврши таа итна десетдневна ревизија“, додаваат тие во заедничката изјава.

Меѓу потписниците се и сенаторите Тед Круз, Рон Џонсон, Џон Кенеди и Марша Блекбурн.

Актуелниот претседател Доналд Трамп одби да го прифати поразот, наведувајќи дека изборите се украдени, и покрај фактот што неговиот изборен тим загуби во скоро сите 60 правни случаи на спорови во текот на изминатиот месец.

Конгресот на САД ќе се состане на заедничка седница на 6 јануари за да ги потврди гласовите на Изборниот колеџ, а американскиот потпретседател Мајк Пенс ќе претседава со пребројувањето на гласовите на секоја држава.

Инаугурацијата на Бајден е закажана за 20 јануари.