САД ја обвинија Кина за злоупотреба на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд

61

Американските власти денеска ја обвинија Кина дека на „одвратен начин“ ја злупоотребува смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското апсење.

-Кинеската комунистичка партија на одвратен начин ја користи трагичната смрт на Џорџ Флојд  за да го оправда своето авторитарно негирање на човековото достоинство и уште еднаш го покажува своето вистинско лице, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според Помпео, како и во сите диктатури низ историјата „ниту една лага не е доволно груба кога е во интерес на владејачката партија“. Тој оцени дека разликата меѓу двете земји може јасно да се види.

-Нашиот печат е слободен и ги покрива сите настани од почеток до крај за да може целиот свет да разбере што се случува, рече Помпео.

Кинеските власти неодамна обвинија дека во САД постои „хронична болест“  на расизмот, оценувајќи дека во оваа земја се користат двојни стандарди. Кинеското Министерство за надворешни работи го спореди насилството во САД против расизмот по смртта на Флојд со протестите што го потресоа Хонг Конг минатата година.

-Зошто САД ги сметаат за херои поддржувачите на насилството и таканаречената независност на Хонг Конг, а оние кои го осудуваат расизмот ги смета за криминалци, рече неименуван портпарол на кинеската дипломатија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.