САД ја поддржуваат Австрија да посредува меѓу Македонија и Бугарија

АД даваат поддршка на земјите-членки на Европската унија да им помогнат на С Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение. Ова во изјава за „Гласот на Америка“ го кажал портпарол на Стејт департментот, коментирајќи ја понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави во решавање на спорот.

„Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат“, се вели во изјавата на портпаролот од Стејт департментот.

САД веруваат дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ, затоа даваат целосна поддршка на кандидатурите за членство во ЕУ.

„Веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира дологорочен мир, стабилност и просперитет во регионот“, вели портпаролот на Стејт департментот.

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, при денешната посета во С Македонија кажа дека Австрија е подготвена да посредува во преговорите меѓу земјава и Бугарија со цел да се отстрани бугарското вето.