САД ја поддржуваат Украина поради еден клучен ресурс

Соединетите држави ќе продолжат да ја поддржуваат актуелната власт во Киев поради големите резерви од титаниум во Украина, објави неодамна списанието Newsweek оценувајќи дека станува збор за „битка за титаниумот“.

Според написот, во САД и во сојузничките земји се прават напори да се идентификуваат, истражат и искористат огромните ресурси во Украина особено на металот кој е клучен за развојот на најнапредните воени технологии кои ќе го оформат основата на идната американска стратегија на одвраќање на Русија и Кина.

Во написот, покрај другото, се наведува и дека американското министерство за внатрешна безбедност го смета титаниумот како еден од 35-те минерали од клучно значење за економската и националната безбедност на земјата. Притоа се потсетува дека САД увезуваат повеќе од 90 отсто од титаниумската руда. Според истиот извор, последната американска компанија која се занимавала со овој сегмент во секторот на националната одбрана затворил во 2020 година.

„Бидејќи на Западот се почесто се покренува дискусијата околу тоа зошто е во наш интерес да продолжиме со поддршката на Украина, мислам дека ова е еден од аргументите што ќе почнете да ги слушате сѐ почесто“, рекол неименуван соговорник на весникот.

Титаниумот е лесен но цврст метал што се користи интензивно во напредните воени техники како борбени авиони, хеликоптери, поморски бродови, тенкови, проектили со долг дострел и многу други.

Во написот се додава и дека доколку Украина победи во војната против Русија, САД и нивните сојузници ќе дојдат во многу поволна ситуација обезбедувајќи си нов правец за снабдување со титаниум. Меѓутоа, доколку Москва излезе како победник од оваа војна, се забележува во написот, Русија ќе го зајакне своето глобално влијание врз стратешките ресурси кои имаат сѐ поголемо влијание.

Украина, имено, е само една од седумте земји во светот кои ја произведуваат суровината која е основа за производство на металот титаниум. Се истакнува дека Русија и Кина, кои се најголемите стратешки ривали на САД, се исто така меѓу тие земји.

Кина, според податоците на Геолошкиот институт на САД, произведува повеќе од 231.000 тони минатата година бткн титаниумски сунѓер кој се создава во првата фаза од обработката, што е 57 отсто од глобалното произведува. Следуваат Јапонија со 17 и Русија со 13 отсто. Казахстан произведува речиси 18.000 тони а Украина повеќе од 4.000 тони годишно.

Користењето на енергетските ресурси како оружје од страна на Москва по наметнувањето на западните санкции по почетокот на руската инвазија во Украина, како што пишува натаму Newsweek, ги поттикнало стравувањето во Вашингтон и сојузниците во НАТО дека Кремљ може да го замрзне извозот на титаниум, што би ги ставило во незавидна позиција западните воздухопловни и одбранбени компании.

 

Нема санкции за титаниумот

Поради зависноста на Западот од рускиот титаниум е причината што овој руски индустриски сектор ги избегна сите кругови санкции што ги воведоа САД и Европската унија против Русија. Тоа се илустрира со фактот што американскиот воздухопловен гигант „Boeing“ кој е значаен играч и во американскиот одбранбен сектор, го одржува заедничкото вложувања со рускиот државен концерн „ВСМПО Ависма“, кој е најголем извозник на титаниум во светот, иако по почетокот на инвазијата ги замрзна нарачките. Други, пак, како европската корпорација за комерцијални авиони „Airbus“, продолжува со набавките на титаниум од Русија.

Во јули минатата година, деловниот весник The Wall Street Journal објави дека Европската унија го блокирала предлогот за воведување санкции против руската „ВСМПО Ависма“ поради приговорите на Франција и некои други земји членки кои стравуваат од запирање на рускиот извоз на титаниум во Унијата. Според тие информации, рускиот концерн требало да биде опфатен со седмиот пакет санкции на ЕУ против Русија.

Викендов, пак, во украинскиот портал Страна.ua беше објавено дека Вишиот антикорупциски суд на Украина одбил да пресуди конфискување на Демуринскиот комбинат за рударство и преработка во сопственост на рускиот претприемач Михаил Шелков, откако претходно новинската агенција РБК-Украина извести за конфискација на споменатата компанија.

Според медиумските написи, судот одбил да го конфискува главниот имот на Русинот Шелков во Украина „кој произведува концентрат на илменит, кој е неопходен за производство на титаниум и легури на титаниумот“.

Наместо тоа, на рускиот бизнисмен му биле конфискувани апартманите, банкарските сметки па дури и трактор. Инаку санкции против Шелков се воведени со указ на украинските претседател Володомир Зеленски уште во јуни 2021 година.

 

САД мора да се избори за украинскиот титаниум за воздржување на Кина

Во анализата на темата, се наведува и дека експертите за национална безбедност ги повикуваа креаторите на политиките на Вашингтон да се сврти од одредбите од предлогот за трошоците за одбрана да му наложи на Стејт департментот да ја истражи „изводливоста за искористување на изворите на титаниум во Украина како потенцијална алтернатива на кинеските и руските извори“.

„Украина има навистина значајни наоѓалишта на ретки минерали, и ако играме правилно, тоа би можело навистина да биде атрактивна алтернатива за руските и кинеските извори, од кои во моментов има голема зависност“, рекол за Newsweek, член на Конгресот кој барал анонимност.

Притоа се наведува дека според процените на американскиот Геолошки институт, Русија има релативно ниско ниво на резерви од титаниум, а во главен извор на металот во 2021 година ѝ била Украина. Поради тоа, се смета дека е една од посредните цели на Москва за инвазијата се токму украинските ресурси на ретки минерали.

Соговорниците на весникот велат дека поголемиот дел од борбите се фокусирани во источна и јужна Украина каде што се концентрирани „трилиони долари во минерално богатство“. Притоа се посочува дека руските сили уште во првите месеци од инвазијата зазеле најмалку две локации за титаниумова руда.

Се наведува и дека добивањето пристап до украинскиот титаниум ќе им помогне на САД во нивниот тлеечки континуиран конфликт со Кина, за којашто и политичарите и аналитичарите во Вашингтон сметаа дека ќе доминира во XXI вел.

Титаниумот, како што рекол за Newsweek извор од американскиот одбранбен сектор, е потребен за да се создаде оружје што ќе помогне во одвраќањето на Кина.

„Мислам дека Кинезите, за жал, многу добро сфаќаат дека за американската одбранбена индустриска база и нејзината ранливост“, рекол соговорникот на списанието и додал дека „дефинитивно тоа е прашање на којашто имаме намера да се фокусираме“ иако во моментов „не го добива истото внимание како итните воени потреби на Украина“.

 

За Киев шанса за привлекување странски пари и политичка заштита

Украинските власти се надеваат дека индустријата на ретки минерали, особено во производството на титаниумот, ќе претставува отскочна точка за провлекување странски, секако западни инвеститори, и политичка заштита којашто доаѓа со тоа.

„Имаме титаниум и литиум, и двете се барани во моментов и ќе бидат уште побарани во иднина. Според моите сознанија, повеќето од тие депозити не се ни проценети. Можностите за деловност во овој сектор се навистина големи“, вели за Newsweek Олег Устенко, економски советник на Зеленски.

Според Устенко, тоа е важно од гледна точка на зголемување на стабилноста во глобалниот систем и глобалната понуда на тие производи.

„Ја гледаме нашата улога не само во рамките на ЕУ, туку и во однос на светската понуда. Верувам дека тоа е навистина важна улога што може да ја игра Украина. Но, повторно, за тоа треба да се увериме дека сме во повоени услови“, додава советникот на Зеленски.

Стивен Бланк, виш соработник во Институтот за истражување на надворешната политика и поранешен професор за Руски студии на Воениот колеџ на армијата на САД, изјави за Newsweek дека Украина може да испорача значителен титаниум на Запад во рок од неколку месеци по завршувањето на војната, кога и да е тоа.

„Државата ќе игра голема улога… ќе ви требаат сигнали од владите дека е во ред да се инвестира“. Ако Киев го поддржува, „тогаш ќе видите огромен скок напред“, додава Бланк.

 

САД нема да можат да го заменат рускиот титаниум со суровини од Украина

Украинската индустрија, за разлика од руската, не произведува асортиман на производи од титаниум што ги бара Соединетите држави, а сега не е можно да се развијат наоѓалишта на овој метал во Украина, оценува за руската агенција до РИА на оваа тема Леонид Хазанов, независен експерт во областа на индустријата и енергетиката, коментирајќи го пишувањето на Newsweek дека САД очекуваат да добијат титаниум од Украина, кој им е потребен во воената индустрија.

Според сите извори на оваа тема, САД и нивните сојузници во моментов преземаат „напори да ги идентификуваат, развијат и искористат огромните резерви“ на титаниум во Украина.

Според Хазанов, пак, украинскиот титаниум не може да се смета за целосна, и според квантитетот и според квалитетот замена за рускиот титаниум, и посочува дека во Незалежнаја се произведуваа само ткн „сунѓер и инготи„, додека на САД им се производи од валан титаниум (шипки, лим и цевки) и механички обработенни производи“, вели Хазанов.

„Ако САД се надеваат дека ќе добијат наоѓалишта на титаниум во Украина, тогаш таквиот потфат изгледа наивен: во контекст на зголемени прекини на електрична енергија и проблемот со железниците на Украина, нема да биде можно да се организира стабилен железнички транспорт на титаниум концентрати надвор од нејзините граници, а со камиони не може многу да се испорача“, оценува експертот.

Потсетува дека постојаните прекини на струја во Украина не можат а да не доведат до прекин на работата на локалните металуршки претпријатија, вклучително и оние што произведуваат титаниум и полупроизводи врз основа на сировината.

„Главна е фабриката за титаниум и магнезиум во Запорожје, која во најдобрите периоди од својата работа произведуваше околу 20 илјади тони титаниум годишно и го намали своето производство во последните 10 години. Малку е веројатно дека резервите на титаниум во тамошните магацини (доколку ги има, се разбира) моќе да им помагаат на американските компании“, додаде Хазанов.

Најголемиот светски производител на титаниум е руската корпорација „ВСМПО-Ависма”“ Според процените направени во февруари минатата 2022 година пред почетокот на војната, оваа корпорација обезбедувала до 30 отсто од залихите на титаниум за глобалната воздухопловна индустрија, вклучително и до 40 отсто од потребите за титаниум на американскиот производител на авиони и соработник на Пентагон „Boeing“, како и до 60 отсто од потребите на европскиот воздухопловен концерн „Airbas“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.