САД ја повикаа Турција да не ја претвора Аја Софија во џамија

420

Американскиот државен секретар Мајк Помпео апелираше во средата вечерта до Турција да не ја претвора поранешната базилика Света Софија во џамија, како што бараат здруженија блиски до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Ги повикуваме турските власти и натаму да ја сочуваат Аја Софија како музеј, како илустрација на нивната посветеност на почитување на културните традиции и богатата историја кои ја оболкувале турската република и да гарантираат дека ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Трускиот државен совет подоцна во четврокот ќе го разгледува барањето на здруженијата кои бараат поранешниот соборен храм Севета Софија, којашто сега е музеј, да биде претворена во џамија.

„САД сметаат дека секоја промена на статусот на Аја Софија би претставувало ограничување на наследството на оваа извонредна градба“, додаде Помпео.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој изјави дека Турција ја „изненадуваат“ ваквите изјави и додаде дека „никој нема право со предупредувачки тон да говори за нивното суверено право“.

 

Како што објави на 5-ти јуни весникот Hürriyet, Ердоган им наложил на своите советници да направат сеопфатна студија за промена на статусот на Аја Софија музеј во џамија. Истиот ден и портпаролот на Синодот на Московската патријаршија реагираше дека таквата намера предизвикува голема загриженост кај Руската православна црква.

Соборниот храм „Света Софија“ е монументално обележје на византиската архитектура. Изградена е во периодот од 532 до 537 година под ктиторство на императорот Јустинијан, чија замисла била да подигне храм со кој нема да се споредува ниеден друг во светот, па според преданијата планирал и подот да биде позлатен.

Во падот на Византиското царство во 1453 година, црквата во време на Отоманската империја е претворена во џамија. Во 1935 година, по указот на турската влада потпишан од основачот на современата турска држава Мустафа Кемал Ататурк, соборниот храм станал, музеј, а повторно биле исчистени прекриените фрески и живописи. Во 1985 година, храмот е вкличен на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.