САД ја предупредуваат Северна Кореја да не прави нови тестирања

REUTERS/Kim Hong-Ji

САД во средата ја предупредија Северна Кореја да не изведува нови нуклеарни и проби со интерконтинентални балистички проектили, во текот на состанокот на Советот за безбедност при Обединетите нации одржан по барања на американската мисија.

„Продолжувањето на тестирањата со балистички проектили е крајно контрапродуктивни“, истакна американската амбасадорка во ИОН, Кели Крафт повикувајќи го Пјонгјанг да пристапи на преговори со САД. Во спротивно „сите во Советот за безбедност мораме да бидеме подготвени да реагираме“, додаде Крафт споменувајќи ја можноста за нови меѓународни санкции.

Според Крафт, Вашингтон се надевал дека ќе влезе во стабилен дипломатски дијалог со Пјонгјанг, но гледа алармантни сигнали дека Северна Корејс „се движи во погрешна насока“.

„Не ја молевме Северна Кореја да стори сѐ пред ние да направиме нешто. Подготвени сме да бидеме флексибилни, но не можеме да го решиме овој проблем самите, Северна Кореја мора да донесе тешка но смела одлука и да соработува со нас. Северна Кореја мора да го стори својот дел. И мора да ги избегнува провокациите. Нукеалрните тестирања и (интерконтиненталните балистички) проектили нема на Северна Кореја да ѝ донесат поголема безбедност“, порача американскат амбасадорка во САД.

САД побараа состанот на 15-члениот Совет за безбедност, додека во меѓународната заедница расте загриженсота дека Северна Кореја може да продолжи со нуклеарните тестирања и лансирањата на проектили со дострел кои беа суспендирани во 2017 година, бидејќи преговорите за денуклеаризација меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се во застој.

Северна Кореја неодамна најави „Божикен подарок“, доколку САД до крајот на годинава не го променат пристапот и доколку продолжи статус-кво ситуацијата. Последните неколку месеци официјален Пјонгјанг сѐ почесто потседута дека кон крајот на годината истекува рокот за одговор од САД за давање нови предлози за решавање на ситуацијата на Корејскиот полуостров. Според тамошното министерство за надворешни работи, Пјогнјанг веќе доволно направил на средбите со Американците.

По низата лансирања на проектили со кус и среден дострел последните месеци, Пјогнјанг во неделата објави дека извел таен и „многу важен тест“ во својата база за лансирање сателити кој би требало да ја изнени „стратешката позиција“ на оваа изолирана земја во источна Азија.

Преговорите меѓу САД и Северна Кореја се во застој бидејќи Вашингтон бара Пјонгјанг да го предаде целиот свој нуклеарен арсенал, додека севернокорејската страна наведува дека тоа е нејзиниот гарант од можна американска инвазија и бара од Американците прогресивен пристап кој вклучува брзо укинување на барем дел од меѓународните санкции кои ја опустошија северниокорејската економија.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди деке севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ризикува да загуби сѐ, доколјку продолжат неприајтелствата и дека Северна Кореја мора да се денукеларизира. Трамп и Ким се сретнаа трипати од јуни 2018 година, но не постигнаа напредок кон постигнување договор.